Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон, исто толку санкции за некористење на сигурносен појас и 11 за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 74 мерки за непрописно паркирање, а со „пајак“ се подигнати 41 возило. За неносење на заштитна маска изречени се 18 санкции.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Во текот на изминатото деноноќие (17/18.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 607 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.