Нема совршен учебник, ниту совршен образовен систем, но брзи промени во образованието се недозволени вели историчарот Васко Гичевски за новиот образовен концепт во кој се најавува интеграција на историјата со граѓанско образование и содржини од географија.
-Мојот личен став е дека тоа е малку пребрзано, бидејќи самата реформата ја спремале 13 луѓе во 100 дена. Тоа е недопустливо е , такви брзи реформи во образованието не се дозволени, не смеат да се прават, јас ги викам педагошки екперименти, вели Гичевски.
Гичевски вели дека не станува збор ниту за реформа во овој случај.
-Разговараме за промена на цел еден образовен систем. Сега наеднаш се спојуваат низа предмети, тоа покасно ќе влие да се промени средното образование, па ќе вилјае на високото образование. Сега буквално под превез на реформа се шверцува цел образовен систем, ајде да го наречеме и фински. Секој образовен систем најдобро функционира за општеството за кое е наменет. Ние немаме ниту материјални, ниту општествени капацитети за сето тоа да го изведеме така како што треба, додава Гичевски.
Промени се потребни вели Гичевски, затоа што голем дел од актуелните учебници се веќе застарени, но создавањето на нови треба да е процес кој ќе се споведе трансапрентно за да се одбере најдоброто.
-Учебниците во најголем дел се направени како телефонски именик. Внатре има нафрлени податоци, ако наставникот е добар ќе го научи детето, ако не е добар, детето ќе седне и ќе научи на памет и од тука е таа флоскула дека историјата е досадна, вели историчарот Гичевски.
На денешната промоција на новиот образобвен концепт за основно образоавние, каде освен општествените се интегрираат и повеќе предмети од природните науки, од Бирото за развој на образованието посочија дека на овој начин наставата се доближува до современите образовни системи, а промените се во интерес на учениците.
Емилија Мисирлиевски