Температурите на воздухот во последнава недела дена веќе отидоа во минус, а и снегот за прв пат пристигна во нашата држава, но засега само на високите планински места. Сепак снегот си го направи своето, па утринските и вечерните температури и во градовите навистина се намалика, а со тоа и нашите домови бараат поголемо затоплување.
Во продолжение ви претставуваме одличен трик за заштеда на енергија, а сепак да имате потопол дом. Ако го направите овој едноставен трик, температурата во станот ќе ви биде поголема за три до пет целзиусови степени. Но, само ако успеете да одолеете на една ситница.
Ако имате доста стаклени површини во станот или куќата, а немате пари за нова ПВЦ или алуминиумска дограма, овој едноставен трик ќе ви помогне за да заштедите на греење.
Се` што треба да направите е на стаклените површини да залепите фолија со воздушни меурчиња. Постапката погледнете ја на видеото во продолжение: