Пристаништето Довер во Британија е целосно блокирано по обновувањето на железничкиот, воздушниот и поморскиот сообраќај со Франција. Илјадници камиони и автомобили се заглавени во југоисточна Англија откако Франција во неделата го забрани секое патување меѓу двете земји. Одлуката беше донесена откако офицајелн Лондон го потврди приссутвото на новиот вид на вирус кој се шири на југоистокот на земјата. НО вчера беше постигнат договор меѓу двете земји за камионите кои доаѓаат од Велика Британија, како и патниците од ЕУ и Британските државјани со престој во ЕУ да може да влезат во Франција, а ко имаат негаивен тест не постар од 72 часа. Меѓутоа утринава непробојни се редиците на патници на британската страна на Ла Манш, кои започнаа штарјк и влегоа во вербален судир со полицијата дедека чекаа на пристаништето. Патниците велат дека и покрај тоа што имаат негативен тест не можат да поминат.
ДОЈДОВ ОВДЕ ПРЕД ДВА ТРИ ЧАСА СО АВТОМОБИЛОТ И СЕГА ТАМУ ЧЕКААТ УШТЕ 30 АВТОМОБИЛИ ВО РЕД, НО ВО МЕОМЕНТОВ СЕ Е ЗАГЛАВЕНО, БИДЕЈЌИ НЕКОИ АВТОМОБИЛИ ГО БЛОКИРАА ВЛЕЗОТ ВО ПРИСТАНИШТЕТО БИДЕЈЌИ НЕМААТ НЕГАТИВЕН ТЕСТ, НО ТИЕ НЕ САКААТ ДА НАПРАВАТ МЕСТО ЗА ЛУЃЕТО КАКО МЕНЕ КОИ ИМААТ НЕГАТИВНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТИРАЊЕТО. ЗНАЧИ, ВО ОСНОВА, НЕМА СМИЛСА, БИДЕЈЌИ ОНИЕ ЛУЃЕ КОИ МОЖАТ ДА ЈА ПОМИНАТ ГРАНИЦАТА НЕ СЕ МОЖНОСТ СЕГА И СЕГА СЕ Е БЛОКИРАНО, ОБЈАСНУВА БЕН РИЧЕНХАМ.
Британските служби велат дека се очекува застојот да се реши за два – три дена. Во меѓувреме, вознемирени купувачи ги расчистија полиците во супермаркетите ширум Лондон после најавата за дополнителни рестриктивни мерки по новиот бран случаи на инфицирани.
Повеќе од 36.800 луѓе во земјата имаат позитивен тест во рок од 24 часа, што е најголем дневен пораст од почетокот на пандемијата.
Билјана Ставрова