Работата на прво место за шкорпиите, љубовта најбитна за јарците- Дневен Хороскоп (24.12.2020)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Во почетокот околината ги оспоруваше вашите идеи, но сега ги подржува и ве повикува да учествувате во новиот проект. Ќе ви биде динамично, ќе ви недостасува одмор, но сепак добиените средства од успешно завршената работа ќе ве израдуваат. Послушајте совет од некој член на семејството.

Бик (21.04 – 21.05)

Започнува моментот на остварување на емотивните желби, оние кои се слободни би можеле да запознаат некоја интересна личност за која веднаш емотивно ќе се врзат. Ќе бидете ведри и расположени, но трудете се да не ги расипете емоциите со некои ситници кои ве нервираат. Научете да уживате.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Емоциите и желбата да се докажете пред лицето кое од неодамна ви станало центар на вниманието ќе ви помогнат да засветите во полн сјај. Ќе и бидете привлечни и неодоливи на околината, внимавајте на непристојните понуди. Не дозволувајте занесот да ве натера да ги преминете границите на моралот.

Рак (22.06 – 22.07)

Внимавајте што потпишувате бидејќи тоа што ви изгледа сега одлично подоцна може да се претвори во голем проблем. Повикајте ги пријателите на гости, овозможете си мала домашна забава со пријатен муабет, тоа ќе ве релаксира. Некоја Водолија малку грубо ќе ве посоветува, но сепак, таа е комплетно искрена.

Лав (23.07 – 22.08)

Денешниот ден за вас ќе биде многу добар, можно е да почувствате малку замор од напорната работа. Дали на работа или во приватниот живот – борбата мора да постои. Сепак намалете го малку темпото, не претерувајте, секако дека ќе ги завршите обврските.

Девица (23.08 – 22.09)

Можни се мали несогласувања со оние со кои го водите бизнисот или со колегите. Одите напред пред другите и сакате да примените некои нови идеи кои се проверено добри. Луѓето зборуваат за промени, но во суштина не ги сакаат. И вие ќе мора да направите некои промени, иако на почетокот малку ќе ве вознемират.

Вага (23.09 – 22.10)

За сите големи работи е потребен труд и залагање, а тоа се секако алатките за постигнување на успех во овој феноменален ден кога конечно ќе бидете пофалени на работното место. Овој ден ви носи и приватни прекрасни моменти. Уживајте во прегратките на партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Работата ќе ви биде на прво место, постојано ќе се грижите за сите обврски. Во приватниот живот се ќе се одвива како што сакате, доколку сте слободни, ќе се појави некој кој ќе сака со вас да започне емотивна врска. Нека не ве нервираат ситните нешта.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не сакате да се расправате иако речиси секогаш сте подготвени да ги покажете забите, можеби поради тоа што знаете дека не сте сосема во право. Вашиот обид да воспоставите прекрасна комуникација со лицата кои се околу вас ќе биде успешен. Променете ја малку тактиката.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе бидете многу заљубени, без оглед дали сте во врска или не. Со цел сигурно да чекорите напред проверете ги уште еднаш изработените обврски и пронајдете ги и најситните грешки. Не го намалувајте темпото, трудете се да сработите се што е неопходно. Некои новости ќе настапат во вашиот живот.

Водолија (21.01 – 19.02)

Овој ден нема да го доживеете како поволен бидејќи во многу акции вашето влијание ќе биде ограничено. Не сакате да сте подредени и тоа влијае на вашите бурни емоционални осцилации. Склони сте од се да направите кавга, и кога сте во право и кога не сте.

Риби (20.02 – 20.03)

Од вас зависи дали ќе соберете сила и храброст да продолжите напред или само ќе се жалите за обемот на обврските. Ќе имате исклучително динамичен ден, па затоа ставете насмевка на вашето лице и завршете се тоа треба да се заврши. Емотивниот живот е пред некаков колапс, ќе доживеете неуспех.