Доколку ви се здосадени пастрмките и останатите вообичаени риби кои ги подготвуваме за време на постите и бадниковата вечер, свежиот лосос е одлична идеја.
Подгответе го со свежо цеден сок од портокал, ѓумбир и мед:
Потребни состојки:
2 парчиња (филети) свеж лосос; 1 лажичка рендан ѓумбир; 2 чешниња лук; 2 портокали; 4 лажици мед; 4 лажици соја сос; 2 страка млад кромид и 2 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
1. Исцедете сок од портокал, исечкајте го ситно младиот кромид и лукот, изрендајте го ѓумбирот и помешајте ги сите овие состојки со медот, маслото и соја сосот.
2. Ставете ги лосос филетите во поголема кеса и полијте ги со подготвената смеса. Ставете ги да отстојат во фрижидер околу 30 минути до 1 час.
3. Загрејте ја рерната на 180˚С, ставете ги филетите во тавче за печење заедно со маринадата.
4. Печете околу 20 минути и послужете ја рибата додека е топла.