Времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 степени, а дневната од 3 до 15 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 10 степени.