МЕПСО информира дека денеска во 4.15 стручните лица од интервентите екипи на АД МЕПСО вложија натчовечки напори и успеаја по непрекината 16 часовна работа да го вклучат под напон 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље, и со тоа да создадат услови за жителите на Дебар и неколку околни населени места да добијат снабдување со електрична енергија
– Електро монтерите на МЕПСО минатата ноќ работеа во исклучително тешки временски услови на студено и врнежливо време проследено со силен ветар.
Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, предизвикан од невремето, беше регистриран вчера во 10.35 часот.