Внимателно следете ги: Три знаци дека мобилниот ви е хакиран

ИЗВОРНов Лист
|

Живееме во такво време каде што информатичките трикови се до толку усовршени што веројатно нема човек кој барем еднаш не си помислил дека можеби мобилниот телефон ви е хакиран. Постојат повеќе показатели за тоа, но доколку забележите дека вашиот телефон е бавен, обично тоа е првиот показател дека нешто со него не е во ред.

Исто така ако покрај тоа и батеријата се празни брзо, а апликациите не работат исправно, алармот треба да се запали во вашата глава, затоа што најчесто тоа се трите знаци дека станува збор за присуство на злонамерен софтвер, смета Павел Мјасоједов, директор на руската компанија „Интелектуални резерви“.

„Овој софтвер доаѓа до мобилниот преку интернет или кабелска врска со друг компјутер, на пример, кога ќе го дадете телефонот во нерегистриран сервисен центар на поправка“, вели тој.

Хакерите на почетокот се обидуваат да продрат во телефонот со помош на програми кои не бараат многу за перформанс на уредот и полнење на батеријата.

На почеток, телефонот можеби нема да покажува знаци дека е хакиран, а единствен знак ќе будат известувањата во апликациите и на социјалните мрежи. Но, подоцна самиот телефон ќе почне да сигнализира дека нешто не е во ред. Ќе почнат прекини во неговото функционирање.

За да се заштитите, производителите препорачуваат инсталирање на апликации преземени само од безбедни извори и избегнување на поврзување со непознати компјутери. Ако се сомневате дека мобилниот ви е хакиран, обратете се до корисничката служба на произведувачот или до продавачот на уредот.