500 санкции за неносење маска, 221 санкциониран возач во Скопје, 58 за преголема брзина

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие (13/14.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 500 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 221 мерка, од кои 58 за управување со брзина поголема од дозволената, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 санкции за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и 4 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.