Поради уличен дефект Ф-150 милиметри на улица „Чедомир Кантарџиев“ 3, без вода ќе бидат корисниците од оваа и дел од улицата „Наум Охридски“ во Општина Кисела Вода.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато во текот на денот поточно од 09:30 часот, па се до отсранувањето на дефектот.
Утре без струја ќе останат корисниците на ул. „Улоф Палме“ во Општина Кисела Вода и жителите на село Марино во Општина Илинден, како и дел од Орман во Општина Ѓорче Петров.
Според соопштението на ЕВН Македонија, на ул. „Улоф Палме“ (од бр 11-15), струја ќе нема од 10 до 11 часот, додека, жителите на Марино (поточно на почетокот на с.Марино делот кон с.Кадино) и Орман без струја ќе бидат од 9 до 15 часот.