Бојкотот на наставата ќе започне на 21 јануари, првиот училишен ден по зимскиот распуст и ќе трае се додека не бидат прифатени барањата за измена на државната матура за оваа учебна година, велат од Сојузот на средношколци по консултации со претставниците на средношколците низ земјава и матурантите. Велат дека своите барања ги доставиле до образовните институции, уште за време на состанокот со министерката Царовска на 9 декември минатата година, но до денес тие не добиле одговор.
ПРВОТО БАРАЊЕ БЕШЕ НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ПРЕДМЕТИ КОИ МАТУРАНТИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ПОЛАГААТ, ОД ЧЕТИРИ НИЕ ПРЕДЛАГАМЕ САМО ДА ИМАМЕ ДВА ПРЕДМЕТА. ПРВИОТ ПРЕДМЕТ ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО МАЈЧИН ЈАЗИК, ТОА ЗНАЧИ МАКЕДОНСКИ, АЛБАНСКИ ИЛИ ТУРСКИ ЈАЗИК И ВТОРИОТ ПРЕДМЕТ ДА БИДЕ ПРЕДМЕТ КОЈ БИ ИМ ПОМОГНАЛ ПОДОБРО ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО НАШАТА ДРЖАВА, НО И ВО СТРАНСТВО. ВТОРОТО БАРАЊЕ БЕШЕ МАТЕРИЈАЛОТ КОЈ Е ИЗУЧУВАН ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ДА ИМА ЕДНОСТАВНИ ПРАШАЊА, ВЕЛИ БЛЕНДИ ХОДАИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССРСМ
Средношколците бараат Државниот испитен центар и МОН да ги презентираат и воедно скусат материјалите по сите предмети, не само предметите кои се опфатени во содржините за државната матура.
Министерството за образование и наука со став дека за најавените промени во концепцијата на државната матура бил навремено информиран и Сојузот на средношколци. Променетиот начин на полагање би се применувал веќе од следната учебна година и ќе се прави во заеднички и конструктивен дијалог со средношколците и наставниците.Сите подготовки за матурата се веќе завршени , се вели во дописот на МОН.
ВО ИСТИОТ ПЕРИОД, БЕА ФОРМИРАНИ УЧИЛИШНИТЕ КОМИСИИ КОИ РАБОТАТ НА СИСТЕМОТ НА ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА МАТУРСКИТЕ ИСПИТИ. ИСТО ТАКА, ДРЖАВНИОТ ИСПИТЕН ЦЕНТАР ВЕЌЕ ГИ ЗАВРШИ ПОСТАПКИТЕ ОКОЛУ СОСТАВУВАЊЕТО НА ДРЖАВНИТЕ МАТУРСКИ КОМИСИИ И ИСТИТЕ ГИ КРЕИРААТ ПРАШАЊАТА ПО СИТЕ ПРЕДМЕТИ, А ВО СОГЛАСНОСТ СО СКРАТЕНИТЕ НАСТАВНИ ПРОГРАМИ И УСЛОВИТЕ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД, ВЕЛАТ ОД МОН.
Покрај државната матура, со Концепцијата за полагање матурски испити предвидена е можноста за полагање училишна матура, за ученици што нема да го продолжат своето образование на факултетите, се вели во дописот на МОН. Според Ходаи средношколците до сега направиле бројни компромиси со Министерството за образование во однос на онлајн наставата, сепак државната матура и начинот на кој таа е предвидено да се одвива е нешто за кое не може да се прави компромис.
Нина Стефанова