Адеми: Нема да го признаам пописот ако Албанците се помалку од 20 отсто

ИЗВОРНов Лист
|

Во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, Арбр Адеми, пратеникот од редовите на ДУИ рече дека доколку на пописот излезе дека Албанците се помалку од 20 отсто, тогаш нема да ги признае резултатите.

Адеми, како поранешен министер за образование и наука, изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18 година.

Дали може да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 година е 121.272 Македонци, односно 64.22 отсто, а 60.709 Албанци, односно 32.15 отсто – изјави Адеми.