358 санкции за неносење маска и 202 санкционирани возачи во Скопје, 22 за користење на мобилен, 17 без возачка

ИЗВОРНов Лист
|

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 19 мерки затехнички неисправни и нерегистрирани возила, 22 за користење на мобилен телефон.Изречени се седум санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 58 мерки за непрописно паркирани возила и 20 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Во текот на изминатото деноноќие (20/21.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 358прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.