420 санкции за неносење маска и 137 санкционирани возачи во Скопје, 17 без возачка, 16 за брзо возење

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие (24/25.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 420 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 18 мерки за користење на мобилен телефон, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за непочитување на брзината на движење и 15 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.