Сојузот на средношколци ја информира јавноста дека бојкотот на наставата од страна на матурантите предизвикан од немањето волја во МОН да се најде компромис е успешен. Во четврток (21 јануари) бојкотираа 78% од матурантите, а во петок (22 јануари) 71%. Причината за овој надолен тренд се притисоците и заканите од страна на училишните директори и наставници врз учениците. Ваквите појави ги кршат средношколските права, Конвенцијата за човекови права и Уставот на РСМ. Ги повикуваме средношколците да ги пријават сите притосоци врз нив, а истите ќе бидат соодветно документирани од наша страна.
ИСТОВРЕМЕНО ГИ ДЕМАНТИРАМЕ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ДЕКА ССРСМ И МОН ПОСТИГНАЛЕ ДОГОВОР. ТАКВИТЕ ВЕСТИ СЕ КОМПЛЕТНО НЕТОЧНИ И ИМААТ ЗА ЦЕЛ ДА ЈА ДЕФОКУСИРААТ ЈАВНОСТА И, МНОГУ ПОВАЖНО, МАТУРАНТИТЕ. НАМЕСТО ШИРЕЊЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ, ВЛАСТИТЕ ТРЕБА ДА СЕ СООЧАТ СО АРГУМЕНТИТЕ НА СОЈУЗОТ И ДА ГИ ПРИФАТАТ НАШИТЕ БАРАЊА, ИНФОРМИРААТ ОД СОЈУЗОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИ.
Бојкотот на наставата продолжува и во понеделник.