Во текот на изминатото деноноќие (25/26.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 431 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 21 меркa за користење на мобилен телефон, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 12 мерки за некористење сигурносен појас, 15 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на затворен сигнал(црвено светло), седум за непрописно престигнување и 79 мерки за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.