Овен (21.03 – 20.04)
Кај секој соработник барате нешто по што тој би бил посебен и вреден за вашето внимание. Преиспитајте се себе си и својот однос со партнерот. Обидете се да извлечете некој заклучок.
Бик (21.04 – 21.05)
Можно е да имате повеќе работа од тоа што сте очекувале. Одмарајте денес. Беспотребно му приговарате на партнерот. Тоа може да ве доведе до расправии.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Конечно колегите и надредените ги увиделе вашите квалитети и вашето значение за фирмата. Денес ќе делувате незаинтересирано, а тоа ги одбива претставниците на спротивниот пол.
Рак (22.06 – 22.07)
Односите со другите одат во добра насока. Следете ги инстинктите. Имате повеќе разбирање од тоа што е потребно. Партнерот би можел да го искористи тоа.
Лав (23.07 – 22.08)
Одличен ден за напредок на сите нивоа и во сите дејности, искористете го тоа. Партнерот ви е поддршка во се, само треба да го слушате што ви зборува и се ќе биде во ред.
Девица (23.08 – 22.09)
Морате да бидете во подобра комуникација со огнените знаци, особено со Стрелецот. Се плашите да ги покажете емоциите, а тоа го загрижува партнерот. Бидете отворени.
Вага (23.09 – 22.10)
Се што сакате е повеќе мир на работа. Поразговарајте со колегите за тоа и пробајте да најдете решение. И слободните и зафатени Ваги се задоволни со својот емотивен статус.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не многу добар ден за трговија, туризам и угостителство. Се чувствувате осамено и непосакувано. Не грижете се за тоа, ве очекуваат поволни љубовни аспекти.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Имате чувство дека не сте доволни амбициозни и дека можете многу повеќе од тоа што во моментот го давате од себе. Одличен однос со партнерот. Уживајте во тоа.
Јарец (22.12 – 20.01)
Многу поволен ден за вас и вашата кариера. Искористете го паметно. Вие сте многу грижлива особа. На партнерт му значи вашата поддрша повеќе од тоа што мислите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Креативноста ви помага да решите бројни деловни проблеми и дилеми. Можно е да доживеете „момент на страст. Не дозволувајте тоа да влијае на вашата моментална состојба.
Риби (20.02 – 20.03)
Имате доста планови. Поради тоа не можете да се фокусирате само на една работа. Заљубени сте. Покажете му го тоа отворено на партнерот, сигурно ќе ужива во тоа.