Денеска е 2 февруари. Православната црква денеска го празнува Свети Ефтимиј.
Свети Ефтимиј потекнуваше од ерменскиот град Мелитин. Тој се роди во 377 година. Роден е како син измолен од Бога од родители кои долго време немале деца. Уште од своето детство му беше посветен на Бога. Подоцна, за време на едно поклоничко патување во Ерусалим, реши да го земе на себе монашкиот подвиг и се насели во Фаранската лавра. Животот го исполни со подвизи и богомислие и достигна толкава духовна висина, што не можеше да се скрие од луѓето.
Ефтимиј Велики се смета за заштитник на слаби и несреќни луѓе. Денеска се смета дека е голем грев доколку избркате човек кој пита од вратата и доколку не помогнете на некому кој тоа го бара. Ако го направите тоа вашиот живот ќе ви помине без благослов од него.