399 санкции за неносење маска и 116 санкционирани возачи во Скопје

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие (03/04.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 399 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 116 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, пет за непрописно престројување, седум мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се шест санкции за минување на затворен сигнал(црвено светло), четири за управување под дејство на алкохол и 57 мерки за непрописно паркирани возила.

Police officer holds the stop sign in his hand in Belgrade, Serbia. 22.04.2017. Mondo/Stefan Stojanovic

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.