Часот на раѓање го одредува карактерот: Дали сте вие вистински водач или пак бизнисменка

ИЗВОРНов Лист
|

04.00-06.00 часот

Вие сте храбри и сте вистински водач. Лесно ја надминувате секоја препрека, а понекогаш сте многу тврдоглави. Вие сте штедливи затоа што се грижите за иднината, но среќни сте што им помагате на другите. Вие сте многу романтични.

06.00–08.00 часот

Вие сте чувствителни и многу духовни и се чувствувате најпријатно во друштво на креативни луѓе. Очекувате многу од себе и сакате кога другите ќе ги забележат вашите достигнувања. Сепак, премногу се грижите за тоа што мислат другите.

08.00–10.00 часот

Вие сте шармантна и голем хуманист. Уживате да поминувате време сами, не сакате кога сте во центарот на вниманието и туѓите комплименти воопшто не ви се важни. Склони сте на медитација и потрага по внатрешен мир. Вие сте секогаш тука за другите и лесно ширите позитивна енергија.

10.00–12.00 часот

Активни сте и амбициозни и секогаш сте полни со енергија. Вие сте многу комуникативни и најмногу уживате во друштво на луѓе како вас самите. Вие сте добар тимски играч и имате тенденција постојано да барате нови искуства.

12.00–14.00 часот

Вие сте малку необични, имагинативни и авантуристички. Амбициозни сте и многу одговорни, способни секогаш да најдете решение за кој било проблем. Уживате да ве восхитуваат другите и точно знаете што сакате во животот. Понекогаш го занемарувате приватниот живот поради деловен успех.

14.00–16.00 часот

Ќе ја надминете секоја препрека на која ќе наидете и добро ќе се справите во тешки ситуации. Вие сте многу активни и не сакате рутина, премногу е досадно за вас. Уживате да учите нови работи, како и да барате одговори на најтешките филозофски прашања.

16.00–18.00 часот

Вие сте енергични, добродушни и сте во можност да ја разгледате секоја ситуација како целина, со цел да го пронајдете најдоброто можно решение. Вие сте весели и енергични, но малку се плашите да бидете целосно отворени за другите. Затоа често ги криете чувствата. Лојалноста и љубовта се многу важни за вас.

18.00–20.00 часот

Имате челична волја и сте способни за сè и сешто. Имате посебен подарок – чувствувате што им е потребно на другите и што ги загрижува затоа што се ставате во кожата на секоја личност со цел подобро да го разберете. Избегнувате конфликти и не сакате да поставувате непотребни прашања. Вие го прифаќате животот каков што е.

20.00–22.00 часот

Cелбите за слава, не прифаќате скромни животни улоги затоа што сакате да бидете забележани и да сакате кога другите ќе ви се восхитуваат. Уживате во чувството дека сте корисни за општеството, а во исто време сте перфекционист и сте преплашени од сопствените грешки.

22.00–00.00 часот

Вие сте филозоф и луѓето често не ве разбираат. Вие барате внатрешен мир и точно знаете што сакате од животот. Ја сакате уметноста, а репутацијата ви е многу важна. На патот кон среќата, често знаете дека ризикувате.