459 санкции за неносење маска и 299 санкционирани возачи во Скопје: 50 за брзо возење, 43 без возачка

ИЗВОРНов Лист
|

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 299 мерки, меѓу кои 50 за непочитување на брзината на движење, 43 мерки за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 21 мерка за користење на мобилен телефон, 14 за некористење сигурносен појас, 69 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Во текот на изминатото деноноќие (10/11.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 459 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.