Денес времето во државава ќе биде сончево и многу студено со умерена облачност. Особено на планинските места ќе има услови за сосема слабо провејување на снег а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -7 до 2 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, максималната температура ќе се искачи до околу 0 степени.
Потоа во следните неколку денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро ќе биде особено студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -18 до -9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени.
Затоплување на времето се очекува од четврток кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.