Овен (21.03 – 20.04)
Некоја мала работа го израдувала вашето срце, па вие конечно сте сфатиле дека среќата е во малите нешта. Не и префлувајте на околината за постапките, секој си има своја причина за потезите кои ги прави. За да ја зајакнете финансиската страна, потребно е да ги намалите трошоците.
Бик (21.04 – 21.05)
Може да ви се случи недоразбирање со саканата личност и затоа внимавајте на секој изговорен збор. Подобро е нешто да премолчите отколку да бидете брутално искрени. Вие моментално размислувате нерационално. Живеете во некој свој свет и не можете да ги сфатите другите. Истото се однесува и на вашата кариера.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Тензиите денес ќе растат брзо и неконтролирано. Најверојатно ќе мора да направите промени во плановите. Ако планирате некои екстремни ситуации бидете подготвени да имате и план Б, ако работите не излезат како што треба. Некоја порака од поранешен близок пријател ќе ви донесе голема среќа.
Рак (22.06 – 22.07)
Вообичаен ден дополнет со напредок. Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини, па затоа би требало да им посветите повеќе внимание. Емотивно сте стабилни и со одлично здравје.
Лав (23.07 – 22.08)
Трошоците се зголемуваат, а нови приливи тешко доаѓаат. Денес ве очекува мало финансиско освежување. Приливот не е голем, но моментално ќе ја намали психичката криза во која се наоѓате. Партнерските односи ви се добри и не ја пренесувајте вашата несигурност врз партнерот.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес ќе бидете посебно расположени за дружба. Едвај чекате да го слушнете најновиот муабет за еден пријател и да ја задоволите вашата љубопитност. Озборувањето ќе ве опушти и на кратко ќе заборавите на натрупаните работни обврски.
Вага (23.09 – 22.10)
Концентрирајте се на вашите секојдневни работи и живејте во мир. Нагласен ви е односот со јавноста, пример, правни работи, договори или партнерство. Финансиската ситуација во моментот е задоволителна, па тоа нема да ве оптеретува. Некои од вас пак ќе бидат окупирани со размислувањата за нешто посериозно.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Некој пријател може да ве запознае со некоја личност која за вас ќе биде многу привлечна. Ќе бидете силно возбудени, но сепак обидете се да останете објективни. Ќе постои некоја ситна кавга во вашата деловна околина која ќе ве натера да размислите на заминување, не правете го тоа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Пред вас се прекрасни моменти, и уште поубава атмосфера. Ќе бидете опкружени со луѓе кои ги сакате. Ќе јадете неконтролирано иако сте си ветиле на самите себе дека ќе бидете на диета. Ве очекува финансиска добивка која набрзина ќе ја потрошите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Живеете во период на љубовна хармонија во која владее меѓусебно разбирање со партнерот. Успехот во работата повеќе зависи од околностите, отколку од вас. Тоа влијае и на здравјето, каде што е присутна речиси хронична нервоза. Излезете со пријателите и забавувајте се за малку да се опуштите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Обидете се да не акумулирате нервоза. Ќе ги забележувате површните и напнатите меѓучовечки односи во својата околина. Би можеле да чуете неповолна работна вест или да страдате од нервоза поради неодговорноста на претпоставената личност. Ќе ви се зголемат обврските во домот и кон семејството.
Ве очекува некоја нова можност, нова љубов и повеќе можности за подобра иднина кои наеднаш ќе тропнат на вашата врата и ќе ве фатат неподготвени. Немојте да ги игнорирате убавите знаци кои од денес постојано ќе започнат да се појавуваат, уживајте и искористете ги. Следува комплетно разубавување на животот.