Обидете се да не се двоумите секогаш и не потпирајте се премногу на советите на деловната околина – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Трпите постојано неразбирање од страна на колегите. Извесно е дека ќе морате да се борите за своите права бидејќи ве напаѓаат од сите страни. Можна е некоја минлива афера која нема да ви се допадне.

Бик (21.04 – 21.05)

Денес сте голем идеалист и помалку наивни. Верувате дека имате влијание на деловниот партнер повеќе од тоа што е вистина. На некој може да му појде од рака да ве надмудри. Деловните контакти со Лав или Овен сепак можат да ви донесат многу поволни нешта.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можеби ќе бидете несовесни во врска со некои недвижнини, пари или можеби ќе му дадете на партнерот повод да се сомнева во вашата лојалност. Некоја Вага или Лав ви се наклонети и ќе ви понудат соработка. Денот ви носи многу нејасни нешта, некои понуди во врска со недвижнини кои се чудни за вас, па затоа денес не треба да донесувате важни одлуки во врска со тоа.

Рак (22.06 – 22.07)

Напорен ден, особено ако треба да се сретнете со некој Лав роден во август кој ве наговара на нешто што не ви оди во прилог. Верувате дека можете да ги убедите Близнаците и Водолијата да ги прифатат вашите совети во врска со работата во државна служба или на некој многу одговорен проект. Денес ќе имате нервози поради некои неочекувани трошоци.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе ви се овозможи прилика добро да заработите. Послушајте ги предлозите на некои постари лица кои имаат навистина голема доверба во вас. Ќе бидете упорни со барањата вашиот партнер да ве разбере и да ви даде малку повеќе време. Можни се проблеми со синусите.

Девица (23.08 – 22.09)

Ваквата деконцентрација ќе донесе и некои грешки на работа. На љубовен план би било добро за промена да се однесувате малку попријатно кон својот партнер инаку ќе останете сами. Здравјето е добро.

Вага (23.09 – 22.10)

Паричната загуба е загарантирана доколку не ја процените деловната ситуација. Морате себе си да се натерате да работите. Ве очекува средба со личност од минатото и разговори кои можат да ве оптоварат. Чувајте се од можни изгореници.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Очекувате многу, а не давате се од себе во работата со која се занимавате. На полето на финансиите доаѓа до прекрасни пресврти. На слободните им се препорачува да ги подобрат контактите со лицето со кое се запознале неодамна. Добро ќе ви дојдат прошетки во природа.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не можете да ја сокриете љубомората кон лицето со кое работите. Не обрнувајте премногу внимание на такви работи. Партнерот ќе ви пружи поддршка и ќе бидете задоволни и горди на лицето кое го имате покрај себе. Имате потреба за одмор.

Јарец (22.12 – 20.01)

Обидете се да не се двоумите секогаш и не потпирајте се премногу на советите на деловната околина. Исклучете ги наглите одлуки во врска со љубовта, можете после да се покаете. На финансики план се можни добивки. Можни се болки во вратниот дел од грбот.

Водолија (21.01 – 19.02)

Не влегувајте наеднаш во многу нови бизниси бидејќи се чувствувате несигурно. Можноста за стекнување на дополнителни приоди е исклучителна. Во љубовта доаѓа до подобрување на ситуацијата и до засилување на емоциите. Можна е вирусна инфекција и проблеми со белите дробови.

Риби (20.02 – 20.03)

Финансиите се поправаат. Љубовната ситуација ќе биде добра бидејќи ќе поминувате пријатни и опуштени момент со лицата кои ви се допаѓаат. Можен е пораст на нервоза или пад на концентрацијата па може да се случи да кажете нешто што не го мислите. Опуштете се.