Подгответе го најубавиот десерт и уживајте заедно со најблиските.
СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 150 гр мелени бисквити 2 лажици мед 5 лажици млеко 180 гр растопен путер. СОСТОЈКИ ЗА БЕЛ СЛОЈ: 500 мл слатка павлака 450 гр безмасно крем сирење 220 гр шеќер во прав 1 ванилин шеќер 1 желатин. СОСТОЈКИ ЗА ОВОШЕН СЛОЈ: 450 гр шумски овошен микс 4 лажици шеќер 100 мл вода 1 желатин.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во еден сад разматете 500 мл слатка павлака, а во друг посебно разматете безмасно крем сирење, 220 гр шеќер во прав и 1 ванилин шеќер. Потоа соединете ги двете смеси, матете со миксер, па додајте 1 желатин (желатинот прво треба да се остави со 50 мл вода да набабри па потоа да се загрее за да се растопи – не смее да зоврие). Овој слој ставете го преку претходниот слој од бисквити. Згответе 450 гр шумско овошје со 4 лажици шеќер и 100 мл вода. Во тоа додајте 1 желатин и гответе уште неколку минути.
Кога малку ќе се излади и згусне прелијте преку белиот слој. Готовиот колач оставете го во фрижидер да се излади, најдобро преку ноќ.