Џејми Оливер не го губи својот ведар дух. Тој повторно се обидува да се врати на стариот пат и да отвори неколку ресторани.
Неодамна тој откри по кој рецепт го подготвува болоњезе сосот, за кој советува да направите двојна количина, со оглед на тоа колку е вкусен. Овој сос може и да се спакува и да се замрзне, па да имате за кога ќе ви се пријадат тестенини.
Потребни состојки: 500 гр мелено јунешко месо, 500 гр мелено свинско месо, 50 гр чадена сланина, едно гранче рузмарин, една главица црвен кромид, 2 моркова, 2 целера, 2 конзерви пелати од 400 мл, малку сок од домати, 800 мл вода, малку маслиново масло, Сол и бибер
Подготовка: Исецканиот рузмарин ставете да се динста со маслиновото масло. Додадете ја исецканата сланина. Откако ќе се пропржат, додадете го меленото месо и зачинете, па горвете 10 минути, додека месото да добие кафеава боја. Исецкајте ги кромидот, морковот и целерот на коцки со слична големина. Додадете ги во тенџерето со месото и гответе ги заедно уште 10 минути. Потоа во смесата додадете ги пелатите, сокот од домати, измешајте, додадете ја водата, намалете ја температурата и оставете да се вари 90 минути на тивко. Послужете со тестенини и со пармезан.
Добар апетит!