Силен земјотрес со јачина од 6.2 степени ја стресе Грција

ИЗВОРНов Лист
|

Силен земјотрес со јачина од 6.2 степени по Рихтер ја погоди Грција предмалку во 10 часот и 16 минути по локално време, а истиот беше почувствуван и во југо-западните делови од Македонија.

Според информациите на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е на 22 километри од Лариса и беше на длабочина од само 1 километар, поради што силно беше почувствуван.