Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала денеска ја потресе источна Турција, јави агенцијата Анадолија.
Како што соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби, потресот е регистриран во турската област Агри во 08:57 часот по локално време на длабочина од околу седум километри, .
Засега нема информации за повредени.