Вчера попладне кај трговскиот центар Рамстор шлепер обидувајќи се да сврти турна дрво, а дрвото падна врз автомобил кој беше во движење. Денеска од Град Скопје известуваат дека сторителот и компанијата која е сопственик на шлеперот се парично казнети.
Покрај тоа, тие се задолжени да засадат барем уште 10 нови дрвца, како дел од преземањето на општествена одговорност по настанот.
-По вчерашниот сообраќаен инцидент што се случи на булеварот Св. Климент Охридски, градските инспектори го санкционираа сторителот и на правното лице му изрекоа казна во висина од 1.800 евра и задолжение да засади 10 квалитетни и развиени дрвја на истата локација.