Овен (21.03 – 20.04)
Финансиските решенија ќе се појават во текот на денешниот ден. Денот е поволен за добри потези поврзани со пари. Во љубовта можете да очекувате почеток на страствена и одлична врска.
Бик (21.04 – 21.05)
Можете да очекувате дека ќе ја добиете неопходната поддршка за вашите идеи. Во љубовта можете да се надевате на многу добра атмосфера со саканото лице.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе бидете максимално посветени на деловните обврски денес. Можете да очекувате награда за вашиот труд. Во љубовта доколку ви се допаѓа лице родено во знакот на Лав, пред вас е интересна врска.
Рак (22.06 – 22.07)
Не дозволувајте пред конкуренцијата да ги покажете вашите слабости, потрудете се да останете доволно ладни. На љубовното поле сте во потрага по пронаоѓање на нови поинтересни случувања.
Лав (23.07 – 22.08)
Денот не е претерано поволен за работа, па немојте премногу да ризикувате и да донесувате нагли одлуки. Во љубовта можете да очекувате дека саканото лице ќе биде покрај вас во секој момент кога ќе ви биде потребно.
Девица (23.08 – 22.09)
Ве очекува важен разговор за работа кој може да ви донесе нова прилика на деловното поле. Денот е поволен за работа. Во љубовта ви се допаѓа лице слично на вас.
Вага (23.09 – 22.10)
Ви доаѓа шанса да остварите успех на деловното поле и значително да ги подобрите финансиите, не ја пропуштајте. Во љубовта ве очекува пријатен ден поминат со партнерот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Полни сте со енергија и не ви е тешко максимално да им се посветите на деловните обврски, се додека адекватно сте наградени за тоа. Пред вас исто така е многу поволен ден за љубов.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Доколку сте планирале некаква инвестиција, најдобро е да ја откажете, перидоот не е поволен за ризици. Немојте да се оставите без денар во џебот. Во љубовта слободните ги очекува интересна комуникација со нежно лице.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ве очекува прилика да ги покажете своите таленти кои секако се многубројни и разновидни. Во љубовта можно е да се заљубите во личност со која се дружите подолго време.
Водолија (21.01 – 19.02)
Полека но сигурно доаѓате до доста ситуации на полето за работа. Верувајте во себе и во своите способности. Во љубовта новите околности во кои се наоѓате се многу интересни. Ќе уживате.
Риби (20.02 – 20.03)
Немате ниту еден проблем на деловното поле. Состојбата е сосема стабилна и не ве очекуваат големи промени. Во љубовта ќе уживате во својата слобода и во необврзувачкиот флерт.