Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Особено на планинските места локално ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 6 до 14 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.
Потоа за време на викендот, како и на почетокот од следната недела под влијание на нов влажен бран ќе има нови врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и на некои места се очекува да наврнат над 35 л/м2 воден талог, додека на планините снежната покривка значително ќе се зголеми.
Повремено пак на некои места снежната граница има услови да се спушти и под 1000 метри, со што услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на некои пониски места. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.
За време на овој влажен бран ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и од источен правец, повремено ветерот ќе засилува на интензитет.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.