Ознур Серчелер која македонската јавност ја знае по неколку улоги во турските серии, а најблиска им е по улогата на Лајла во романтичната комедија „Романтичарот“ која моментално се емитува на ТВ Сител, е 33-годишна турска актерка која е ултра популарна низ целиот Балкан и Европа.
Таа ја глуми сестрата на главната протагонистка во серијата, Санем или актерката Демет Оздемир.
Убавата Ознур е активен корисник на социјалните мрежи, а таму може да се погледнат доста нејзини фотографии, а од поновите може да се види и дека во костим за капење изгледа неверојатно.
Имено, актерката и во сите турски серии изгледа неверојатно, но е позната по нејзиниот природен изглед во приватниот живот и е поборник за истакување на природната убавина.
Мора да признаеме дека во било кое издание изгледа прекрасно.