ТРИПАТИ Е ПОЕВТИНО: Користете го ова за алиштата наместо омекнувач

ИЗВОРНов Лист
|

Добро се познати сите својства на алкохолниот оцет, а сега може да го искористите и да заштедите пари за омекнувач за алишта.

Тој е природно средство за чистење и омекнување. Ставете пола шолја оцет на алиштата пред перење. Ќе ги направи алиштата меки, чисти и свежи.

Ставете го во делот за омекнувач, наместо омекнувач и верувајте ќе има подобар ефект.

Дополнително – пешкирите со текот на времето стануваат крути: Овој едноставен трик ќе ви помогне да ја вратите нивната мекост. Нема поубаво чувство од тоа кога после топла купка ќе се замотате во миризлив и мек пешкир.

Сепак, со текот на годините, со интензивно перење во машина, пешкирите ја губат својата мекост и стануваат погруби, дури и тврди. Меѓутоа, постои едноставен трик како да бидат како нови.

Woman holding big laundry basket full of colorful dirty clothes. Bathroom utensils concept.

Дури и најквалитетните пешкири со текот на времето може да станат крути. Тоа се случува кога на влакната се собираат остатоци од омекнувачот и влакна од машината за перење и сушење. Ако веќе некое време ве иритираат грубите и на допир непријатни пешкири, пробајте да ја вратите нивната мекост со помош на следниот трик.

Во машина за перење алишта ставете ги пешкирите и подесете ја програмата за вриење, а во преградата за детергент додадете една шолја бел оцет. Оцетот можете и директно да го истурите во барабанот со пешкирите.

Пешкирите исперете ги во машина без додавање детергент и омекнувач. Кога машината ќе си ја заврши работата, во преградата за детергент додадете шолја сода бикарбона и повторно вклучете ја машината, а пешкирите исушете ги во машина за сушење, доколку ја имате.

Содата и оцетот ќе ги отстранат остатоците од талог од пешкирите, оставајќи ги меки. Ако вашите пешкири сè уште не се доволно меки по овој трик, ќе мора да ја повторите постапката. За пешкирите да останат како нови, практикувајте ја оваа постапка еднаш месечно или кога ќе почувствувате дека ја губат мекоста.