Овен (21.03 – 20.04)
Тешко ја поднесувате незавидната ситуација на работа и поради тоа можете да бидете во неприлика. Потпрете се на мислењето на партнерот и несебичната помош. Емотивно сте во многу успешна врска. Нервозата ќе ви го расипе расположението.
Бик (21.04 – 21.05)
Чувајте се од можни грешки. Работите не ги согледувате реално и јасно. Паричната ситуација сепак е задоволувачка. Емотивно сте напнати, избегнувајте судири и расправии со партнерот. Осетлив ви е црниот дроб, избегнувајте масна храна и алкохол.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Задоволни сте бидејќи работите се одвиваат онака како што сакате. Заработката е солидна, но вие сакате и заслужувате повеќе. Во љубовта имате премногу барања, а љубомората го оптеретува вашиот партнер. Здравствената ситуација ви е добра.
Рак (22.06 – 22.07)
Ситуацијата на работа е подобра отколку што мислите. Доколку малку повеќе се потрудите ќе бидете посебно задоволни со заработката во овој период. Можна е некоја мала минлива врска со лице кое некогаш многу ви значело. Можни се проблеми со забите.
Лав (23.07 – 22.08)
Имате впечаток како да ги решавате проблемите на сите. Емотивно сте неодлучни, може да се случи некое лице да ве измами. Вистински момент е малку да одморите од случувањата.
Девица (23.08 – 22.09)
Материјалната ситуација се поправа. Ја имате потребната сила и енергија се успешно да завршите. Склони сте да криете колку заработувате, а тоа кај домашните и партнерот ќе ви создаде проблеми.
Вага (23.09 – 22.10)
Иако ви се чини дека понудата за работа е лоша за вас, ви се советува да ја прифатите. Избегнувајте расправии со партнерот, особено кога станува збор за трошоците. Слободните лица можеби ќе сретнат некоја нова љубов.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Искористете го својот интелект и способност за комуникација бидејќи е можна одлична деловна шанса. Избрзаните одлуки можат да ви донесат проблеми. Материјалната ситуација ви е задоволителна. Не сте задоволни со емотивниот живот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Интуицијата ви е добра и ќе успеете да направите нешто што посакувате. Бидејќи сакате самостојна работа прифатете некоја работа која можете да ја обавувате во својот дом. Заработката и понатака ви доаѓа преку партнерот. Избегнувајте цигари.
Јарец (22.12 – 20.01)
Полни сте со енергија и елан да ги решите сите препреки кои се пред вас. Способни сте и иницијативни. Паричната ситуација полека станува се подобра и постабилна. Емотивно сте во дилема што да направите. Стабилна и добра здравствена ситуација.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе бидете пофалени од страна на претпоставените, што во овој момент многу ќе ви значи. Материјалната ситуација полека се менува, на подобро. Можни се проблеми со партнерот. Чувајте се од можни настинки.
Риби (20.02 – 20.03)
Ви се препорачува максимално внимание во контактите со лицата во кои немате доволно доверба. Материјалната ситуација станува проблематична. Ве оптеретуваат емотивни проблеми, понекогаш ни самите на знаете што сакате. Проверете го видот.