Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Само локално ќе има нешто повеќе облачност но врнежи не се очекуваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот особено на југоисток повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 2 до 11 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.
Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Повремено облачноста локално ќе се зголемува а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималните дневни температури ќе бидат во пораст, особено од недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.