Се простира на повеќе од 13 илјади хектари. Десетина илјади туристи сакаат да се фотографираат кај прочуената Црвена плажа. Но, воопшто не станува збор за плажа, што на ова место му дава дополнителна убавина и го прави дополнително поинтересно.
Станува збор за најголемото “влажно“земјиште за одгледување на билки, каде што црвените билки на посетителите им создаваат илузија дека се наоѓаат на црвена плажа.
Ова посебно место, се наоѓа во заштитена зона во кинеската провинција Лиаонинг и се простира на повеќе од 13300 хектари.
На него се одгледува црвеното растение, познато и како „Suaeda salsa“, која има силно црвена боја во текот на пролетта.
Како што поминува времето, таа станува темно црвена и на крајот, кога ќе дојде есента станува пурпурна.
Кога зимата ќе “тропне“ на вратата, „Suaeda salsa“ овенува, но водата на пролет повторно ја враќа во живот.