Индиската астрологија значително се разликува од западната. Пронајдете ја особината која ве дефинира.
Амбиција (15 април – 15 мај)
Силната ментална сила ви помага успешно да го остварите замисленото, амбициозни сте и никогаш не попуштате. Изразената смисла за иницијатива ве турка меѓу лидерите, но ве привлекува сјајот па паѓате на најновите трендови.
Големо срце (16 мај – 16 јуни)
Ова е знаk за комуникативност и умешност во изразување на јавноста. Не сакате немарност и површност. Најбиските ви се најважни но во добри односи сте и со другите. Не сакате преголема блискост додека не стекнете доверба. Полни сте со љубов и постојано барате романтика. Еден сте од најверните партнери.
Хумор (17 јуни – 16 јули)
Вие сте знак кој може сѐ да доведе во прашање. Сите мораат да се прилагодат на вашите спротивности. Разумот и интуицијата ви работат сто на час, а вашите способности за прилагодување се бескрајни. Вашата насилна карактеристка е хуморот и го користите кога сакате некого да заведете.
Чувствителност (17 јули – 17 август)
Со овој закон владее Месечината, што го прави чувствителен и таинствен. Врзани сте за своите корени и најважно ви е семејството. Пријателите внимателно ги бирате. Се плашите да не бидете оставени од партнерот. Во љубовта сте интиутивни.
Непопустливост (18 август – 17 септември)
Сакате раскош и уживање. Барате многу но сте и верни. За вас парите се сржта на борба и не се откажувате додека не победите. Горди сте и не поднесувате рамнодушност. Не се откажувате додека не го освоите партнерот. Шармантни сте но не и верни.
Ја следите својата мисија (18 септември – 17 октомври)
Строги сте и организирани. Секогаш сте точни и ја следите својата зацртана мисија. Многу сте чуствителни и не трпите неверство. Сметате дека заедничкиот живот треба да се круниса со брак кој се темели на верност.
Приврзаност (18 октомври – 16 ноември)
Многу сте друштвени и опкружени со пријатели. Овој знак е симбол на приврзаност и не сака прекини. Многу сте хумани и сакате удобни моменти.
Водена струја (17 ноември – 16 декември)
Со вашиот знак владее богот Шива кој уништува сѐ за да изгради подобро. Постојано сте во движење и никој не ја познава длабочината на вашата душа. Иако наизглед сте дрски, всушност многу сте понизни.
Оптимизам (17 декември – 14 јануари)
Оптимистични сте и полни со ентузијазам, сметате дека сте предодредени за најдоброто. Тоа е отежително за луѓето околу вас. Кога се работи за парите сакате да влегувате во ризици. Во љубовта сакате да ви се восхитуваат.
Симбол на трудот (15 јануари – 13 февруари)
Со вас ништо не е препуштено на случајот и секогаш поминувате низ тешкотии пред да ги остварите своите цели. Рано созревате, но кога ќе се осамостоите финаниски, се чувстувате исполнето.
Слобода (14 февруари – 14 март)
Ја почитувате својата но и туѓата слобода и сакате и другите така да се однесуваат. Но во суштина сте конзервативна личност. Околу вас имате круг на пријатели кои ве штитат од животни опасности. Во љубовта сте срамежливи.
Воздржаност (15 март – 14 април)
Вашиот креативен талент има потреба да се изрази. Зад тоа се крие гордост и затоа ретко приоѓате, но затоа привлекувате. Љубовта ве храни па ако наидете на партнер кој ќе ве охрабри, ќе ги искористите своите адути за да успеете во животот.