Не веруваат во карма: Ова се двата најлоши хороскопски знаци

ИЗВОРНов Лист
|

Повеќето луѓе се водат по златното правило кое вели „не правете им го на другите она што не сакате да ви го прават вам“.

Меѓутоа, ако ги прашате луѓето родени во овие хороскопски знаци, тоа за нив не значи ништо. Тие не се плашат да им нанесат зло на другите, особено ако тоа е во нивна корист.

Како што пренесува „Your Tango“, ова се двата најзлобни знаци во зодијакот.

Овен

Овните се кралеви на одмаздата. Тие дури едвај чекаат некој да им се налути за да смислат совршен одмазнички план, а ќе се потрудат и сите во нивна близина да ја замразат таа личност. Покрај сето тоа, Овните се многу лицемерни, па никогаш нема во целост да дознаете што мислат и што смислуваат, бидејќи за секој имаат посебна приказна и објаснување.

Рак

Иако изгледаат како големи емотивци и неверојатно пријатни личности, Раковите многумина ги нарекуваат најзлобниот знак во зодијакот. Тие баш никому не простуваат, па дури и ако тоа значи дека до крајот на животот нема да зборуваат со некој член од најтесното семејство. Понекогаш нема ниту да ви објаснат каде сте погрешиле, туку само ќе ве исфрлат од животот.