Палма „елеганс“: Преубавата салонска палма која ќе го освежи вашиот дом

ИЗВОРНов Лист
|

Нежните, издолжени лисја на елегантните гранки ја прават оваа палма совршен украс во многу домови.

Палмата е по потекло од тропските џунгли на југоисточно Мексико и Гватемала.

Одгледувачите на ова растение во градинарски центри обично сеат повеќе семиња во ист сад, така што може да добиете повеќе грмушки кои имаат меки лисја во форма на пердуви.

„Елеганс“ палмата е многу издржливо растение. Ова значи дека ќе издржи да живее и во сенка и на пониски температури, па дури ќе го преживее и прекумерното наводнување.

Сепак, за оваа палма ќе биде многу подобро доколку одберете светол агол во станот, каде не треба да имате индиректно светло. Доколку ја ставите палмата на место каде што ќе биде изложена на директна сончева светлина може да предизвикате појава на кафени дамки по листовите.

Fascinating Living Room Artificial Plants Decorating R On Living Room Plant Fake Plants For Living Room – Plants Ideas

Ова растение исто така е познато и како „салонска палма“ кому најмногу му одговара густ супстрат кој треба да се додава во почвата еднаш месечно во пролет и лето и еднаш на секои два месеци во текот на есента и зимата. Имајте на ум дека палмите имаат долг корен, па затоа би било добро црепот во кој ќе ја пресадите да биде длабок и тесен.