Тестото секогаш убаво ќе нарасне – Трик со прашокот за пециво

ИЗВОРНов Лист
|

Има еден трик за тестото секогаш убаво да нарасне.

Прашокот за пециво секогаш ставајте го со брашното односно сејте ги заедно, а така потоа тестото рамномерно ќе се дигне.

Доколку ова ве предизвика за да си направите вкусно јадење денес, ќе ве израдуваме со рецепт за најмрзеливото тесто за кифлички, кое е сон на речиси секој готвач, без разлика дали е професионалец или аматер. Кифличките од истото се премногу вкусни, а се приготвува многу лесно.

Вкупно време 2 мин Состојки 4 шолји брашно Половина кафена лажица сол 2 супени лажици сончогледово масло 11 гр сув квасец Начин на подготовка Измешајте ги сите состојки заедно, одеднаш, до добивање на мазна смеса.

Складирајте го добиеното тесто во најлонски плик или ќеса и оставете го да отстои во ладилникот 2 часа. Тоа е сè! Два часа подоцна, извадете го тестото, замесете го со малку брашно и од истото пригответе кифлички или леб, по ваша желба. Тестото е соодветно и за пица.