ВЛАЖЕН ВОЗДУШЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: ВИКЕНДОВ ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ОПАДНАТ

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, подолги во претпладневните часови. Во попладневните часови ќе има локален краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено ќе засилува. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променлвиво облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер и истиот повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Потоа за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре локално ќе биде нестабилно особено попладне со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Значителен пад на температурите на воздухот ќе има во недела кога ветерот ќе го промени својот правец во северен и на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег. Максималните температури во недела ќе се искачуваат во интервалот само од 5 до 14 степени.

Стабилизирање на времето ќе има на самиот почеток од следната недела.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.