Пилот открива зошто мобилниот телефон во авион треба да го ставите на “airplane mode”

ИЗВОРНов Лист
|

Конечно пристигна одговор на прашањето што ќе се случи доколку не го вклучам “airplane mode” на мојот мобилен телефон?

Пилотот со прекар Sneaky__Fox85 на Reddit објаснил зошто е многу важно да не ја игнорирате молбата од персоналот мобилниот телефон да го префрлите на “airplane mode”.

Ако не го направите тоа, може да дојде до попречување во приемот на нашето радио. Во ретки случаи на нашето радио не слушаме ништо, па преку разглас повторно ги замолуваме патниците да ги префрлат телефоните на “airplane mode” и објавуваме дека, ако тоа не се реши, ќе мора да се вратиме до излезот на пистата. Проблемот тогаш се решава многу брзо – изјави пилотот.

Пилитот додал и дека мобилните телефони во воздух не можат да примат никаков сигнал, па само беспотребно се троши батеријата.