Овен (21.03 – 20.04)
Судир со некое лице во кое сте имале неограничена доверба. Ќе бидете малку разочарани. Можете да бидете исклучително тврдоглави и принципиелни на своја штета. Ако сте слободни, можна е врска со лице на положба. Потребно ви е малку повеќе одмор.
Бик (21.04 – 21.05)
Окупирани сте со деловната ситуација и ги запоставувате блиските лица. Можете да очекувате голем успех во работата со Водолија. Ако сте слободни, би било добро да обрнете внимание на некој кој долго време ви се додворува на работа. Добро се чувствувате.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Добрите вести се поврзани за новата работа. Вие сте на некој вид раскрсница, особено во љубовните односи. Успевате да остварите задоволителни односи, ви се овозможува прилика се да ставите на свое место. Можни се проблеми со грлото.
Рак (22.06 – 22.07)
Песимиста сте во секоја смисла на зборот. Можете да ја предвидите важноста на некоја понуда која сте ја добиле од лице кое ви е исклучително верно и искрено ве цени. Подготвени сте да преминете преку своите принципи. Чувајте се од промаја.
Лав (23.07 – 22.08)
Чувствувате преголем замор. Ако работите повеќе работи, постои можност да направите крупна грешка. Голем предизвик ви се работите со странство но и емотивните врски со лицата кои не живеат во вашата околина. Посветете му се малку повеќе на изгледот.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе почувствувате вистинска деловна шанса. Добро внимавајте вашиот деловен партнер да не ве изневери во нешто. Во љубовта сте прилично нетактични и не сте склони на компромиси во односот со партнерот. Нервозни сте и оптеретени со здравјето.
Вага (23.09 – 22.10)
Позитивните случувања на работа ќе ви овозможат со леснотија да ги обавувате работите. Со парите постапувате прилично несовесно. Конзервативни сте и малку бавни во донесувањето на одлуки од сферата на емотивниот живот. Одмарајте малку повеќе.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Способни сте за сериозни работи. Можете да очекувате успех во секој вид на дејност. Можна е врска или познанство со некој кој е подеднакво амбициозен како и вие. Проблеми со зглобовите и вратните делови од грбот. Прошетките малку ќе ве опуштат.
Чувајте се од можни грешки на работа. Можни се критики. Љубовниот живот би можел да биде многу возбудлив, особено ако сте во врска со еден огнен знак, кој може да ви донесе многу возбудувања.
Јарец (22.12 – 20.01)
Вие единствени ќе почувствувате добра деловна прилика, која сте ја исчекувале долго време. Некој е љубоморен на вашите способности. Многу бурен љубовен живот, особено ако се занимавате со работа поради која често патувате. Здравјето ви е добро.
Водолија (21.01 – 19.02)
Иницијативни сте и остроумни. Сега вашата кариера добива некој конкретен правец кој ќе ви овозможи да се издигнете во прв план. Можна е нова деловна понуда. Партнерот е некој на кој секогаш можете да се потпрете. Здравјето ви е солидно.
Ваша предност е што секогаш наоѓате начин да излезете од лошата материјална ситуација. Не е момент премногу да се нервирате ако работите тргнат на лошо во врска со надежите кои сте ги имале во едно лице. Не водите сметка за своето здравје.