Добри деловни вести за овните, подготвеност за било каква работа за јарците – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Добри деловни вести. Ќе добиете прилика да се истакнете на работа, ако се работи за партнерски односи, бидете внимателни. Љубовниот живот не ви е сјаен, главно поради вашата нервоза и прилично хаотичниот начин на живот. Одлично се чувствувате.

Бик (21.04 – 21.05)

Со добра енергија ќе постигнете се што сте замислиле. Паричната ситуација не ви е добра. Опкружени сте со лица кои добро ве разбираат и кои ви даваат корисни совети. Близнаците ви одговараат кога станува збор за љубовта. Можни се проблеми со црниот дроб.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Премногу сериозно ги сфаќате критиките, па дури и добронамерните. Љубовниот и семејниот живот би можеле лесно да се доведат во ред ако успеете да бидете малку помалку посесивни. Ќе морате да истрпите една критика. Избегнувајте цигари.

Рак (22.06 – 22.07)

Околностите ќе ве наведат на некои несоодветни потези за кои нема да имате објаснување. Денес избегнете ги критиките, затоа што и вие ќе ги бирате полесните опции. Потребна ви е сериозна дискусија на љубовен план, толеранцијата не ве води никаде.

Лав (23.07 – 22.08)

Бидете сталожени, не ви е потребнa нервозата во овој момент. Имате премногу обврски и не можете да ги следите вашите соработници. Очекувате дека сакана личност ќе заземе некаква заштитничка улога. Наместо тоа, застанете на свои нозе.

Девица (23.08 – 22.09)

Деловното опкружување е добронамерно, но вие се соменавте во добрите намери. Што се однесува до љубовта, прилично сте несигурни, имате впечаток дека партнерот е доминантен и дека ви поставува одредени услови. Проверете ја работата на штитната жлезда.

Вага (23.09 – 22.10)

Во моментов можете да се потпрете на поддршката на блиските пријатели. Можете да дојдете во ситуација да имате сериозен разговор со партнерот, па бидејќи вие ќе бидете во право, ќе успеете ситуацијата да ја завртите во ваша корист.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Премногу ве исцрпува лошата ситуација во домот или на работа. Вашите обиди да ја истерате правдата и на некој нешто да му докажете можат да ве доведе до непријатна ситуација. Имате тенденција максимално да го затегнете односот со партнерот. Можни се проблеми со бубрезите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Искористете го сплетот на позитивни околности и направете нешто што одамна сте планирале или сакале. Во љубовта сте малку незаинтересирани и ладни, што може лошо да се одрази на вашито однос со партнерот. Поведете малку повеќе сметка за здравјето.

Јарец (22.12 – 20.01)

Подготвени сте за работа повеќе од било кога. Размислете добро кога го избирате блискиот соработник. Вашиот емотивен живот за многумина е тајна, особено ако сте во врска со лице кое по многу нешта е различно од вас. Можни се проблеми со видот.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекува пријатно изненадување. Би било добро да им посветите повеќе внимание на членовите од семејството. Имате поддршка од лицата на положба и оние кои се способни да ви излезат во пресрет за многу важни прашања. Чувајте се од настинка, можна е компликација.

Риби (20.02 – 20.03)

Критички сте настроени. Тоа ќе биде нагласено доколку работите со лица кои не ги познавате доволно. Ве очекува кратко патување. Многу сте емотивни но и исклучително посесивни и љубоморни. Здравјето ви е осетливо.