Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за сосема слаб локален снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 9 степени.
Потоа во следните денови следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен. Максималните дневни, особено за викендот ќе бидат во позначителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.