Правила до кои секоја дама мора да се придржува

ИЗВОРНов Лист
|

Убавите манири се важна карактеристика која жената ја прави поубава, попрефинета и вредна за сечија почит.

Покрај убавото држење и широката насмевка, една жена дама ја прават манирите и убавото однесување. Затоа, вистинската дама себеси никогаш не би си дозволила одредени грешки во однесувањето и непогрешливо остава добар впечаток при запознавање нови луѓе.

Почитувањето на правилата за пристојност, бон-тон и правилно однесување се нешто по што културните и воспитани луѓе се разликуваат од останатите и доколку сакате од страна да ве гледаат како вистинска дама, треба да почитувате многу правила и да се тргнете од некои навики кои сте ги имале досега.

Освен однесувањето, пресуден е и начинот на облекување, на купување, на седење и зборување и уште многу други работи.

Правилно држење – Дамата секогаш ќе препознаете по нејзиното држење, правите рамена и високо подигнатата глава. Таа никогаш не ее згрбавена, бидејќи таквиот изглед никако не е дамски и остава впечаток дека сте загрижени за нешто.

Минимална шминка – Бидејќи се грижат за својата кожа, тенот им е беспрекорен, па доволно им е кога ќе нанесат само минимална шминка, за на природен начин да ја истакнат својата убавина.

Самоконтрола – Тие имаат целосна контрола над своето однесување и никогаш себеси не си дозволуваат непримерно однесување во јавност. Премногу се грижат за своето однесување.

Доцнење – Тие никогаш не доцнат, го почитуваат туѓото време и очекуваат и другите да го прават тоа за нив.

Непристојност и озборување – Зборувањето зад грб за некого е некултурен манир и иако понекогаш сите знаат во умерена доза да го направат тоа, дамите не си го дозволуваат озборувањето.

Јадење по пат и без прибор – Некои јадења како пица, многумина знаат да ги јадат без прибор или по пат додека одат некаде, но не и вистинските дами. Според бонтонот, дамите јадат на маса и секогаш со прибор. Доколку не сте во можност да јадете дома, секогаш е подобро да седнете некаде и да нарачате нешто, отколку да земете храна за носење и јадење во движење.