Во овој град платата е 1200 евра, киријата 15 евра, а невработеност не постои

ИЗВОРНов Лист
|

Мариналеда е гратче во Андалузија на југот на Шпанија кој на површина од 25 квадратни километри има околу 2700 жители. Жителите на Мариналеда не се плашат да ги изразат своите политички убедувања.

Наместо блескави реклами и брендови – улична уметност во облик на графити и мурали со пораки за поддршка и солидарност со земјите како што се Куба и Венецуела. Улиците носат имиња на славни борци за работнички права како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.

Додека остатокот на Шпанија се бори со домашните олигарси и странските банки кои ја преземале земјата, одлуките во ова гратче се носат директно по демократски пат на неделните состаноци кои обично ги посетуваат околу 300 – 400 луѓе. Додека невработеноста во Шпанија изнесува 27 отсто, во Мариналеда е остварена целосна вработеност.

Интересот за вселување е толкава што е воведена листа на чекање – а се чека и по две години. До сега се изградени околу 350 куќи, а во следните две години би требало да се изградат уште околу 250. Просечната месечна плата на вработените изнесува 1200 евра месечно.

Можеби не ви изгледа многу, но кога ќе погледнете дека кириите изнесуваат 15 евра месечно, ќе ви стане јасно дека со таква плата може сосема пристојно да се живее. Градот на жителите м овозможува бесплатен интернет. Фасцинантен е и спортската содржина во овој град со околу 2700 ители – два фудбалски терени, кошаркарски терен, терен за тенис, сквош и одбојка, базен. Сите тие се бесплатни за жителите (освен базенот за кој се плаќа годишна карта).

Мариналеда има и своја црква, но учествувањето во црковните активности е доста слабо. Во овој град луѓето самите си градат куќи, а еден од нив е и Давид Гонзалез Молина. Откако поминал две години како регистриран граѓанин на Мариналеда, од локалните власти добил материјал за потребите за градење на куќата, а дури од кога ќе ја изгради ќе почне да и плаќа 15 евра месечно на истата власта со цел рефундирање на трошоците на користениот материјал.

Секако, со оглед дека не знаат сите да градат куќа, власите на помош праќаат професионални градежни работници и архитекти кои помагаат во изградбата. Куќите не може да се продаваат со што се спречува можноста така да се профитира. Еднаш месечно во градот се одбележува таканаречена „црвена недела“, кога некој на пленум ќе изнесе идеја за тоа како градот да стане уште подобар и поубав.

Доколку идејата биде прифатена, волонтерите ја извршуваат таа работа. Некогаш станува збор за чистење на улиците или поправките на куќите. Градот има и своја телевизија и радио – канали, а неодамна гостинка во студио била и ќерката на Че Гевара. Полиција не постои тука.

Според шпанскиот закон, ние според бројот на жителите би требале да имаме помеѓу четири и седум полицајци. Но ние не сакаме полиција тука. Кај нас сите работ се прават на доброволна база, ние заедно се бориме и ги кроиме нашите животи и постои висок степен на коегзистенција“, појаснува градоначалникот.