Не ја фрлајте смесата за палачинки ако ви остане: Направете ги овие јадења

ИЗВОРНов Лист
|

Ако сте направиле палачинки и ви останала смеса, не ја фрлајте. Има неколку вкусни јадења кои можете подоцна или наредниот ден да ги направите, а никој да не забележи дека се направени од тоа тесто.

Смесата која содржи јајца, млеко и брашно, може да се употреби на разни начини, а ние ви предлагаме две солени и едно благо јадење!

Направете американски палачинки

Тестото за палачинки може да преноќи во фрижидер. Другиот ден додадете му прашак за пециво и уште малку брашно, и испржете мали американски палачинки, совршени за појадок.

Направете уштипци

Додадете брашно и прашак за пециво, малку сол и испржете уштипци и послужете ги со крем сирење, млад кромид или димен лосос.

Испохувајте нешто

Тестото за палачинки е многу слично со традиционалното тесто за похување кое се користи во Британија и ширум Азија. Додадете му малку брашно за да биде погусто, збогатете го со ѓумбир или пиво и испохувајте некое парче риба или месо.