Ќе ве израдува лице со кое долго време не сте биле во контакт – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе ве израдува лице со кое долго време не сте биле во контакт. Од нешто сте постојано незадоволни и постојано сте во страв да не изгубите некоја личност која многу ви е важна. Бидете реални во проценувањето на свите лични цели и потреби.

Бик (21.04 – 21.05)

Променливи сте и енергични. Поседувате способност да управувате со други лица. Имате добар тим на соработници. Можна е љубовна средба со енергично но сензибилно лице. Имате здравствени проблеми, кои упорно ги игнорирате.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекува мала загуба и тоа поради некоја ваша грешка. Поведете сметка за трошењето на пари и сведете го на минимум. Имате големо влијание на оние со кои работите. Некого го одушевува вашата сериозност и работливост.

Рак (22.06 – 22.07)

Неодлучни сте, а од вас се очекува многу повеќе. Не сте подготвени на ризици. Со лицето кое ви се допаѓа можете да дојдете до судир бидејќи секој на прво место си ги става своите амбиции. Внесувајте повеќе разновидна храна.

Лав (23.07 – 22.08)

Ве очекува интересна деловна понуда, но вие сепак сами би тргнале во самостоен бизнис кој би можел да ви донесе подобри приходи. Можеби ќе бидете соочени со некој вид на непријатност.

Девица (23.08 – 22.09)

И покрај ситните проблеми, работите ќе се одвиваат онака како што сте замислиле. Имате голема самодоверба. Ако сте слободни очекувајте инстант средба, а доколку сте во брак најголема енергија посветете му на семејството и децата. Можна е вртоглавица.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе уживате во вниманието на вашиот партнер. Топлината со која зрачите и животната радост ќе ја пренесете на другите. Ако сте во брак, избегнувајте ги обврските колку што е можно повеќе или трудете се да ги поедноставите.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете задоволни со резултатите од својата работа. Интуицијата ви е одлична и ќе донесете добри одлуки. Во љубовта можете да очекувате пријатни изнендувања, особено од лицата кои ги познавате на работа. Можни се проблеми со органите за варење.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Нешто ви е сомнително па поради тоа постојано се преиспитувате. Многу сте самокритични. Кон партнерот сте повеќе од доволно лојални, успевате да го расположите и во секој поглед да му бидете поддршка.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекуваат потешкотии бидејќи не ги прифаќате лесно туѓите совети. Тешко ви паѓа секој облик на прилагодување на нешто што не ви е по волја. Го занемарувате вашето здравје, потребно е повеќе да внимавате на него.

Водолија (21.01 – 19.02)

Тешки сте за соработка и прилично сте затворени. Паричната ситуација не се поправа и поради тоа го покажувате вашето незадоволство. Поседувате голема доза на издржливост и трпеливост, особено во односот со партнерот. Можна е забоболка.

Риби (20.02 – 20.03)

Малку сте разочарани бидејќи имате чувство дека вашите таленти не можат да дојдат до израз. Би можело да имате љубовни проблеми, но, ако сте сами, напротив, можете да сретнете некој кој ќе ви биде многу значаен.